(СОСТАВ) Еурофарм Пелистер тренираше во Манхајм: Вечерва излегува на најтешкиот испит!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер вчера пристигна во Манхајм и го одработи последниот тренинг пред денешниот натпревар со Рајн Некар Левен, во рамките на Европската Лига при ЕХФ и својот трет настап.

Еурофарм Пелистер има едно реми и еден пораз во двете средби кои ги одигра досега. Загуби во Данска од ГОГ а ремизираше на домашен терен против Кадетен. Денеска има нова шанса за победа, но против неверојатно силниот тим на Рајн Некар Левен. Германците се водечки тим во националното првенство со по 14 бодови заедно со екипата на Кил, а во оваа група одиграа само еден меч, успешно, на гости кај ГОГ со 32:37.

Натпреварот започнува во вечерниот термин од 20:45 часот со директен пренос на МТВ 1/3.

Судии ќе бидат браќата Смаилагиќ од Шведска, а во продолжение можете да го видите составот на Еурофарм Пелистер:

Сподели

Можеби ќе ве интересира