Суперлига: Убедливи победи на КЛ 7, Охрид, Бутел… Заврши регуларниот дел во Првата лига

Четири натпревари се одиграа вкупно во двете групи од машката ракометна Суперлига, а во завршна фаза е и Првата лига мажи.

Вчера убедливи победи остварија неколку екипи во машката Суперлига, а на едниот од натпреварите беше возбудливо, со голем број на голови и неизвесен крај. На домашен терен, Голден Арт на Кирил Лазаров оствари победа над РК Јуниор со 30:18, ГРК Охрид ја пречека Струга и не дозволи изненадување со високи 31:16. Во групата Б пак, на гостување во Прилеп, со +10 погодоци разлика славеше РК Бутел Скопје, 19:29. Во вториот меч, РК Работнички постигна 35, а прими 32 погодоци од РК Младост Богданци. Лидер во групата е Бутел со максимален учинок од 5 победи, а во Група А тоа е Охрид со 3/3.

Во Првата лига, односно второто натпреварување, вчера беше комплетиран и последниот мини-турнир, број седум. Во првата Група А, победи остварија: Аеродром (19 б.), Драчево (19 б.), Шампион (15 б.) и Јехона (12 б.) и воедно обезбедија место во плеј-оф фазата. Во Група Б, место во следната фаза заслужија: Скопје 2020 (21 б.), Металург 2 (18 б.) и Куманово (15 б.). а за последната четврта позиција ќе се борат три екипи: Вардар-Неготино (6 б.) кој има две заостанати рунди, со Делчево-Вардар (5 б.) и една со Партизан Спорт (4 б.).



Сподели

Можеби ќе ве интересира