(ФОТО) Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот дуел со Требње


Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот натпревар против Тримо Требње во Словенија.

За битолскиот клуб и нашиот втор претставник во Европската Лига, ова ќе биде четврти натпревар во групната фаза во кој ќе се обидат да ја запишат првата дебитантска победа, по неуспешните два дуели со ГОГ и Рајн Некар Левен, и нерешениот резултат со Кадетен. За домаќините, ова е само втора средба, а на отворањето беа поуспешни од Татабања на гости.

Екипата на Урош Зорман го забележа првиот пораз во 2020 година, откако тој стана тренер, овој викенд во рамките на националното првенство на Словенија.

Натпреварот започнува во 20:45 часот со директен пренос на МТВ 1 и МТВ 3, пет минути порано.

Сподели

Можеби ќе ве интересира