ФОТО: Ракометарите на Металург со видео игри поминаа 3000 километри до Леон, со автобус!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно пристигна во Леон, каде утре треба да одигра натпревар против Адемар со почеток во 20:45 часот.

По поминати 3000 километри за 43 часа со автобус, скопскиот тим се смести во хотелот за утре да има лесен тренинг единствено за да ја почувствува подлогата во „Палатата на спортовите“.

Од клубот информираа дека сите ракометари се добро и се расположени иако изгубија скоро 2 дена во патувањето до Шпанија. Овој настан предизвика голем интерес во јавноста бидејќи е навистина срамота еден врвен тим да претрпи вакво понижување без разлика која е причината, во овој случај здравствените протоколи за сместување на целата екипа во еден ист авион.

Бидејќи јасно беше што ги очекува, клубот инсталираше две Плеј Стејшн конзоли па можеше да се играат турнири во атрактивната Фифа и момците да имаат забава за време на долгиот пат.

Сподели

Можеби ќе ве интересира