ЛИГА ЕВРОПА: ЕХФ ги објави шеширите на Металург и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги објави шеширите од групната фаза во Лига Европа за сезона 2020/21. Тимот на Еурофарм Пелистер се наоѓа во 3-от, додека пак, Металург Скопје е во последниот, односно 6-от шешир.

Ждребот е закажан за утре во 11:00 часот, во Виена, а нашите претставници нема да можат да се најдат во иста група.

Секоја од екипите ќе одигра вкупно 10 средби, 5 дома и 5 на гости. Од вкупниот број на екипи, првите 4 најдобро пласирани ќе го продолжат натпреварувањето во 1/8 финале.

Во продолжение, можете да ги видите екипите за секој шешир поединечно:

Шешир 1: Адемар Леон (ШПА), Ним (ФРА), Магдебург (ГЕР), Татабања (УНГ);
Шешир 2: Висла Плоцк (ПОЛ), Динамо Букурешт (РОМ), Кадетен Шафхаузен (ШВА), Алингсас (ШВЕ);
Шешир 3: Еурофарм Пелистер (МКД), Чеховски Медведи (РУС), Татран Прешов (СВК), Бешикташ (ТУР);
Шешир 4: Феникс Тулуз (ФРА), Монпелје (ФРА), Фуксе Берлин (ГЕР), Рајн Некар Лувн (ГЕР);
Шешир 5: Фајферс (АВС), Нексе (ХРВ), ГОГ (ДАН ), Спортинг Лисабон (ПOР);
Шешир 6: Металург (МКД), Тримо Требње (СЛО), Кристијанштад (ШВЕ), ЦСКА Москва (РУС);

Групната фаза треба да започне на 20-ти октомври.

Сподели

Можеби ќе ве интересира