ВИДЕО: Постигна кош од „паркинг“ – Душчак со неверојатен хорок шут!

Дан Душчак од Цедевита Олимпија постигна кош на истекот на третата четвртина скоро од крајот на теренот и тоа со познатиот хорок шут. Интересно е што ова беа единствените поени на Душчак за 11 минути игра. Нормален шут за три поени имаше само еднаш и беше непрецизен. Словенско-хрватскиот „мутант“ го совлада Борац со 97:88, но по оваа фантастична тројка, со сигурност психичката подготвеност остана кај домаќините.

АБА ЛИГА 2: Познати сите противници на Работнички и МЗТ

Познати се сите 14 екипи кои ќе се натпреваруваат во новата 2020/21 сезона од јадранската АБА Лига 2. Последниот член во лигата за новата сезона е Борац од Бања Лука. Екипата доаѓа од Република Српска, а настапува во најсилната кошаркарска лига на Босна и Херцеговина. Тимот ја доби „вајлд картата“ која ја доделува раководството на АБА лигата, каде оваа година и Македонија ќе има двајца свои претставници: КК Работнички Скопје и КК МЗТ Скопје Аеродром. Составот од Бања Лука ќе настапува наместо екипата на Слобода од Тузла, која поради финансиски…