Историја во Аеродром – „пулените“ на МЗТ запишаа прва победа!

Историска победа запиша вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со ФМП Академија, откако на домашен терен славеше со 88:77. Следбениците на првиот тим на МЗТ, конечно остварија една победа во машката кошаркарска Суперлига на Македонија. Минатата сезона ја завршија можеби и очекувано на последното место без ниту еден триумф и 17 изгубени натпревари. Но, оваа година многу бргу го пробија ледот и пред младите талентирани кошаркари следуваат нови предизвици, за кои со сигурност ќе бидат повеќе мотивирани. Поискусниот и посилен противник беше во позитива само по првите 10…