БИБЛ: Куманово го растури Академик Пловдив

КК Куманово лесно се справи со бугарскиот Академик Пловдив на денешното гостување. Нашиот претставник во регионалното БИБЛ натпреварување оствари лесна и прилично убедлива победа од 96:79 на првото гостување кај бугарските претставници. Куманово започна сигурно во нападот и веќе имаше предност од 3 поени по првиот период со 20:23. Во втората четвртина, резултатот беше пак во нивна полза и на полувреме заминаа со +6 позитива, односно 41:47. Академик се обиде да го намали резултатот, но тоа беше безуспешно, па третиот период заврши со минимална предност за Куманово, 21:22. Рутински изгледаше…