Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале. Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат: МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТРУГА – СИЛЕКС Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната…

Александар Васоски – нов тренер на Академија Пандев!

Александар Васоски од денес е нов тренер на Фудбалскиот клуб Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер. Клубот од Струмица веќе ја објави и програмата за зимските подготовки. Собирот е на 8-ми јануари, каде ќе се одработи и првиот дел од подготовките, за да веќе на 20-ти…

Академија Пандев со нов тренер на мегдан во Тетово

Денеска со почеток во 15:30, се играат останатите четири дуели од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига. Вчера, Македонија ЃП го совлада Вардар со 2:1, а Работнички и Струга ТиЛ со 1:1, ги поделија бодовите. Шкендија после огромниот успех и пласман во следното квалификациско коло од Лига Европа и дуел со Тотенхем, ќе биде домаќин на Академија Пандев, која остана без досегашниот тренер. На чело доаѓа Југослав Тренчовски, од кого се очекува да го разбуди тимот од длабок сон и да го подобри лошиот старт од 4 порази во…