(АНЕГДОТА) Анчелоти: Кога Роналдо дојде во Милан…

Кога Роналдо пристигна во Милан имаше 100 килограми. Му реков дека не можам да го пуштам да игра во таква состојба, мора да ослабне. Роналдо ме праша што очекувам од него? Дали да трча или да постигнува погодоци? Ако очекувам од него да трча, веднаш да го седнам на клупата за резерви, но ако сакам бодови и голем број на постигнати погодоци, да го ставам во првиот состав. На следниот натпревар тој беше во шпицот на нападот и два пати се запиша во листата на стрелците.

Анегдота од Украина: Се надевавме на 20, добивме 60 милиони

Поранешниот тренер на украински Шахтјор, Пауло Фонсека, раскажува интересна анегдота која никогаш нема да ја заборави. „Кога слушнавме дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Фред, се надевавме дека ќе заработиме помеѓу 20 и 25 милиони евра, затоа што имаше многу лоша сезона. По два дена, ја добивме официјалната понуда од Манчестер Јунајтед, која гласеше неверојатни 60 милиони евра! Се смеевме цел ден! Му кажав на мојот помошник да ја покачи цената на 64 милиони евра. Следното утро, стигна потврда дека тимот од Англија ја прифаќа покачената цена и…