(АНЕГДОТА) Анчелоти: Кога Роналдо дојде во Милан…

Кога Роналдо пристигна во Милан имаше 100 килограми. Му реков дека не можам да го пуштам да игра во таква состојба, мора да ослабне. Роналдо ме праша што очекувам од него? Дали да трча или да постигнува погодоци? Ако очекувам од него да трча, веднаш да го седнам на клупата за резерви, но ако сакам бодови и голем број на постигнати погодоци, да го ставам во првиот состав. На следниот натпревар тој беше во шпицот на нападот и два пати се запиша во листата на стрелците.