АО: Првата рунда е зад нас – Беноа Пер во свој стил, а вистинските тенисери од врвот без проблеми закажаа нови дуели!

Во понеделник и неговите рани утрински часови, започна првото тениско големо првенство во годината, Австралијан Опен. Новата ситуација со здравствените протоколи не донесе некои големи проблеми, па првиот Грен Слем од сезоната започна во предвидениот термин. Рундата број 1, односно 1/64 финалето заврши денеска во попладневните часови, каде имавме само еден „неочекуван“ резултат во рамките на првите 10 носители. Лесни победи без изгубен сет остварија: Ѓоковиќ (1), Надал (2), Тим (3), Медведев (4), Циципас (5), Рублев (6), Беретини (9), додека со резултат 3:1, место во втората рунда обезбедија Зверев (7)…

(ВИДЕО) Во карантин со Марта Костјук – одржување на кондиција за Австралијан Опен!

Голем дел од луѓето не знаат дека сите тенисери мора да бидат во три неделен карантин за да учествуваат на отвореното првенство во Австралија, како прв Грен Слем турнир во годината. Квалификациите се одржаа во Доха, Катар, а од минатата недела (веќе 10-ти ден) – сите играчи кои обезбедија учество на главниот турнир се сместени во хотелските комплекси во Мелбурн, дури три недели. Планирано е Австралијан Опен да започне на 8-ми февруари. На социјалните мрежи, најактивна е Украинката Марта Костјук, која секојдневно наоѓа мир во кондициските тренинзи. Можеби ова е…

Новото нормално е всушност ненормално – Кудла на бизарен начин ги заврши квалификациите за АО!

Деновиве, во Доха, Катар, се играат квалификациите за првиот Грен Слем во сезоната, Австралијан Опен. Сите играчи кои пристигнаа во комплексот, беа со негативен тест. Меѓутоа, во повтореното прегледување, двајца играчи добија позитивен резултат. Еден од нив е Франциско Серундоло, кој без борба мораше да му предаде на Марио Вилела во втората рунда. Вториот случај, кој е бизарен, е со Денис Кудла. Тој имаше 6:4 и 5:3 против французинот Беншетрит кога се дозна дека американецот има позитивен тест. Во тој момент, и двајцата играчи беа на терен. Беншетрит сервираше за…