ВИДЕО: Како капитенот Џака го остави Арсенал на цедило?

Гранит Џака игра катастрофален фудбал но се уште е дел од Арсенал и се уште ја носи капитенската лента. На натпреварот со Барнли и поразот од 0:1, Џака со несовесен потег го остави својот тим на цедило. Во продлжение, можете да го видите моментот и да пресудите дали 28-годишниот швајцарски репрезентативец заслужува да биде дел од клуб каков што е Арсенал и да биде „лидер“ на теренот?

ВИДЕО: Смешната страна на фудбалот, во изведба на Киран Тирни

Левиот бек на Арсенал, Киран Тирни, имаше мал несреќен случај на вчерашниот меч против Астон Вила, кога на почетокот од средбата се сопна самиот себеси. Тој ги расположи и своите фанови, па стана дел од смешната страна на фудбалот.

ФК Дандлк влезе во историјата на ЛЕ – скоро невозможно е некој друг тим да успее во истото

Ирскиот фудбалски клуб Дандлк, на вчерашниот меч во Лондон против Арсенал, направи неверојатен статистички резултат и влезе во историјата на Лига Европа. Фудбалерите на Шејн Кигн загубија со 3:0 од тимот на Микел Артета, но, не направија ниту еден прекршок на целиот натпревар – што е неверојатно, мора да признаеме. За фер-плеј играта, на ФК Дандалк му беше честитано од сите страни во фудбалскиот свет бидејќи скоро е невозможно да се остане без фаул против Арсенал со 3 примени погодоци на такво тешко гостување. * Арсенал имаше 20 прекршоци.