ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТИ ВО МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТИКА: Ивановски постави ново најдобро време на 1500 метри – нормата ја исполни и Стојоски!

Дарио Ивановски со резултат 3:44.98 во дисциплината 1500 метри го собори Македонскиот рекорд и успеа да дојде до норма за Европско Првенство. Постигнатиот резултат на Дарио Ивановски носи 1088 бодови, а воедно е и еден од највредните постигнати резултати во историјата на Македонската атлетика, согласно ИААФ бодовната таблица. Изминатиот викенд во Белград, исто така и Јован Стојоски во дисциплината на 400 метри ја исполни нормата. Тој го подобри својот личен резултат и со 47.57 е на само 8 стотинки одалечен од државниот рекорд за оваа дисциплина – тука „царува“ Исмаил Мачев…

Успешни настапи на нашите атлетичари во Белград – срушени неколку рекорди!

Македонските атлетичари денеска имаа успешни настапи на атлетското национално првенство во Белград, кое се одржа во сала. Највеќе се издвоија Дарио Ивановски, кој го сруши рекордот на 1500 метри, но и Јован Стојоски кој постави ново најдобро време на 400 метри. Ивановски беше најдобар со време од 3:45.46 минути, а Стојоски оствари време од 47.11 секунди, за второ место. Интересно е што македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски е одалечен само 46 стотинки од Нормата за Европското Првенство во сала, кое ќе се одржи од 3-7 март оваа година во Торун, Полска.…

Дарио Ивановски освои второ место на улична трка, која оваа година има и предзнак „Балканско првенство“

Во Правец, Бугарија, традиционално и оваа година се одржа меѓународна улична трка на 15 минути пред доаѓањето на Новата година, а учество зеде нашиот најдобар атлетичар на средни и долги патеки, Дарио Ивановски. Ивановски постигна одличен резултат и го освои второто место, пред „златниот медал“ на домаќинот Митко Ценов. Нашиот претставник имаше време од 19 минути и 57 секунди за 7 километри. Исто така, се натпреваруваше и неговиот тренер, Игор Јакимовски, кој на оваа првенство се пласираше на 6-та позиција.

Адријана Поп Арсова настапи на СП во полумаратон

Денеска во Гдиниа, Полска, се одржа Светско Првенство во полумаратон. Македонија ја претставуваше нашата најдобра атлетичарка на средни и долги патеки, репрезентативката Адријана Поп Арсова. Поп Арсова со време од 1 час 22 минути и 18 секунди го освои 99-то место. Се трчаа 4 кругови по 5.250 метри, со уникатен финиш во тешки и студени услови.

АТЛЕТИКА: Македонија зеде учество на Балканско првенство за сениори

Балканска атлетска федерација во организација со Романска атлетска федерација, го организираше 73-то издание на Балканското првенство за сениори. Настанот се одржа овој викенд на 19-ти и 20-ти, во Клуж-Напока. На првенството учество зедоа сите држави кои се во таканаречената „Балканска федерација“, односно околу 300 спортисти од 12 земји, и тоа: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Романија, Турција, Украина, Ерменија, Молдавија, Косово и Бугарија. Во тимот на Македонија беа нашите 4 најдобри сениори, односно медалисти од претходното Европско екипно првенство кое се одржа минатата година во Скопје, и тоа: Дрита…