ВИДЕО: Народски кажано, му легна! Бомба на Урош Рачиќ во дресот на Валенсија!

Младиот српски фудбалер, Урош Рачиќ, постигна феноменален погодок во дресот на Валенсија, на денешното гостување кај Атлетико Мадрид. Рачиќ со овој погодок го отвори натпреварот, и само ги разлути моменталните лидери на табелата во шпанската Ла Лига, бидејќи тимот на „Чоло“ Симеоне славеше со 3:1. Урош Рачиќ е дете на ОФК Београд, но своето „лансирање“ во Европа го стори кога настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18.

Киран Трипие – дефанзивецот на Англија и Атлетико Мадрид суспендиран поради обложување!

Киран Трипие беше отстранет од репрезентацијата на Англија за дуелот со Данска поради закажано сослушување во Фудбалската Асоцијација за прекршување на правилата за обложување. 29-годишниот фудбалер одлучно кажал дека никогаш нема профитирано од обложување на фудбалски натпревари или преку некој друг што се обложувал во негово име. Киран Трипие е суспендиран 10 недели од сите фудбалски активности и е парично казнет со 70.000 фунти поради прекршување на правилата за обложување кои ги налага ФА. Тој е виновен во 4 од вкупно 7 обвинениа кои се зборува дека се случиле во…