ДЕБАКЛ: Искусниот Марин Чилиќ загуби од играч што скоро и да го нема на тениската мапа

Искусниот хрватски тенисер, 32-годишниот Марин Чилиќ, загуби од Јонас Форејтек и тоа со 0:2 во сетови. Натпреварот беше дел од првата рунда на АТП турнирот во Софија. Младиот 19-годишен чешки тенисер го прегази, оваа сезона очајниот Чилиќ, со 6:3 и 6:2. За Јонас Форејтек ова е прв настап на еден АТП турнир бидејќи настапува на ИТФ и Челинџер, а во ваква слична рамка има два пати успешно настапувано на Дејвис Купот за својата држава против БиХ. Од поважните резултати, тој исто така го освои УС Опен турнирот за јуниори во…

ВИДЕО: Промашување на годината – Салваторе Карузо

Салваторе Карузо со пресврт загуби од Корентан Муте со 3:6, 7:6, 6:3 во првата рунда од АТП Мастерс турнирот во Париз, но во текот на целиот вчерашен ден не се случи ништо што можеше да го надмине овој пропуст.

Ритерн на месецот, можеби и на сезоната? (ВИДЕО)

Ваков ритерн во тенисот немате видено во блиско минато, со сигурност. Одличен удар на Григор Димитров во вчерашната победа против Стефанос Циципас. Дуелот беше во рамките на 1/4 финалето од АТП турнирот во Виена, а за влез во големото финале, бугарскиот играч моментално води битка со британецот Дени Еванс.

Лоренцо Мусети влезе во историјата на тенисот

Младиот италијанец Лоренцо Мусети, денеска влезе во историјата на АТП тенисот, откако забележа уште една победа на домашниот турнирот во Сардинија, од категоријата 250. Мусети ќе игра 1/2 финале на еден АТП турнир, а тоа го прави најмлад играч во историјата на тенисот, кој е роден во 2002 година. Италијанецот до тука стигна без изгубен сет, откако ги победи Пабло Куевас, Андреа Пелигрино и Јаник Ханфман. За влез во финалето, ќе игра против србинот Ласло Џере, кој исто така оствари три победи со по 2:0. Тенискиот свет се надева дека…

Интересна приказна од Русија: Тенисер избегал од прегледи, му се заканува суспензија

Сем Квери е моментално во центарот на светските тениски случувања, откако не ги испочитувал здравствените протоколи кои се пропишани на секој тениски турнир. Американскиот тенисер добил позитивен тест од корона вирус кога пристигнал во Санкт Петербург, па мораше да го откаже настапот на турнирот. Квери во Русија допатувал со својата сопруга и нивното 8-месечно бебе, а планот бил долгите 14 дена да ги поминат во самоизолација. За семејството тоа не претставувало проблем бидејќи им бил понуден скап и луксузен дворец во кој сигурно нема да имале време ни да ги…

РОЛАН ГАРОС 1/4: Тим загуби во маратонски меч, Циципас го прегази Рубљов

Утре на програмата се двата дуели од 1/2 финалето на Грен Слем турнирот во Париз, Ролан Гарос. Четвртфиналните соочувања завршија вчера со победите на Ѓоковиќ и Циципас. Во вторник, Шварцман и Тим играа цели 5 часа, а поуспешен беше бразилецот во пет сета. За него, ова е прв пласман во 1/2 финале на еден Грен Слем турнир. Го чека Рафаел Надал, кој имаше исто така нешто потежок противник од претходните рунди. Јаник Синер пружи одличен отпор, но не успеа да одсервира во првиот сет при резултат 6:5 па го загуби…

РОЛАН ГАРОС 1/8: Крај за Зверев, историски резултат и за Рубљов

Денеска и утре на програмата се дуелите од 1/4 финалето на Грен Слем турнирот Ролан Гарос, а двајца тенисири остварија најдобри пласмани во своите досегашни настапи. ПРВ ДЕН 1/8: Првиот натпревар од 1/8 финалните дуели го отвори вториот носител на турнирот, Рафаел Надал против младиот Себастијан Корда, син на легендариот Петр. Шпанецот без проблеми ја реши и оваа препрека и со само 4 изгубени гема во 1/4 финале ќе игра со Јаник Синер, кој беше подобар од Александар Зверев со 3:1 во сетови. Младиот италијанец забележа историски резултат со пласман…

ТРЕТ ДЕН РГ: Циципас и Рубљов со пресврти, Џонсон освои само два гема

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов, до своите победи во првата рунда од Ролан Гарос, стигнаа така што го свртеа резултатот во нивна полза кога беа во негатива од 2:0 во сетови. Искусниот Стив Џонсон пак, освои само неверојатни 2 гема против Карбаљес Баена. Денот започна со сигурни победи на Матео Беретини врз Васек Поспишил и Џорџ Харис против Алексеј Попјурин. Во исто време, победа од 3:1 оствари Кристијан Гарин, но и Марк Полманс, кој како аутсајдер во овој меч го победи Уго Имбер. Нешто подоцна, можеби не треба да се…