Ангеловски: Со проверени сили одиме против Романија, Лихтенштајн и Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација децидно посочи дека тимот е проверен и има искуство за вакви натпревари, каде се очекува максимумот. Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата…

Објавен поширокиот список на кошаркари, утре првото тестирање пред конечната листа за во Перм!

Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров го одреди поширокиот список од 24 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското Првенство во 2022 година. По задолжителното PCR тестирање на Ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8-ми односно на 9-ти февруари во Скопје, селекторот Тодоров ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите. Машката сениорска репрезентација во наредниот период, од 18-ти до 22-ри февруари, на турнирот во Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за Европското…

Игор Ангеловски ќе ја предводи Македонија на ЕВРО 2020!

Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското Првенство 2020, кое ќе се одигра во јуни оваа година. Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека…

Најголема премија во историјата – 4.200.000 € за фудбалерите и стручниот штаб за ЕУРО 2020!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020, да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт. Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра (4.200.000€) вкупна премија за пласманот на Европското првенство. Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020. Со одлуката на Управниот одбор на ФФМ,…

Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман. На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок. Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат…

Гечевски: Најважно е здравјето на Димитријевиќ, можно е да ни се приклучи

Спортскиот директор на националните кошаркарски селекции, Тодор Гечевски, го објасни изоставувањето на Ненад Димитријевиќ од тимот за ноемврискиот квалификациски турнир во Талин. Сакам да појаснам некои работи поврзани со наводен случај кој се создава во нашата кошаркарска јавност, поврзан со Ненад Димитријевиќ. Тој дојде во Скопје, и денеска разговарав со него, за ситуацијата во која се најде откако поради корона вирусот во изминатиот период не беше во состојба да ги извршува своите професионални обврски, појасни легендата на македонската кошарка Работите ќе бидат појасни откако Димитријевиќ ќе ги помине прегледите и…

Се надеваа на деби во репрезентативниот дрес, но ќе почекаат некоја нова шанса – од составот отпаднаа Робев и Митревски

По вторите направени тестирања, сите 12 кошаркари беа со негативен тест, но селекторот Александар Тодоров одлучи да направи 2 измени пред утрешното патување кон Талин. Се надеваа на деби во репрезентативниот дрес, но ќе почекаат некоја нова шанса – од составот отпаднаа Дамјан Робев (КК Куманово) и Андреј Митревски (ТФТ Скопје), за место во првиот тим да добијат Војдан Стојановски и новиот натурализиран американец, Џејкоб Вајли. Доколку нема некој здравствен проблем, играчите ќе тргнат рано наутро во 06:00 часот за Софија, па преку Франкфурт до Талин. Интересно е што дури…

Кошаркарите порачаа: Немаше да патуваме во Талин, ако не постоеше шанса да победиме!

Сениорскиот кошаркарски тим на Македонија, вчера се собра и го одработи првиот тренинг пред квалификацискиот турнир во Талин, Естонија, против домашната селкција и составот на Италија. Селекторот Тодоров ги одбра 12-те играчи кои ќе бидат краток период на подготовки во Скопје па ќе тргнат на патувањето за првата средба против Италија на 28-ми ноември во 15:00 часот. Два дена подоцна, со почеток во 19:30 играме против Естонија. Поради моменталната ситуација во светот, тренерот нема голем простор за тактизирање, но откажувањето не е опција. На вчерашниот прв собир, свое видување за…

Да го завршиме овој циклус со победа, порачаа Ангеловски и Тричковски

Во пресрет на денешниот натпревар против Ерменија, Ангеловски и Тричковски се едногласни – „да го завршиме овој циклус со победа.“ “Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е маана. Ќе играме на победа со сите расположливи сили, играме натпревар кој ни значи. Сепак, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Јас ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме.” „Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала – не’ краси тоа. Индивидуално и тимски…

Џејкоб Вајли – нов просечен натурализиран американски кошаркар

Џејкоб Вајли е новиот американски кошаркар кој ќе игра за македонската репрезентација. Станува збор за 26 годишен играч кој е висок 2.03 и може да игра највеќе како крилен центар. Има мало НБА искуство бидејќи бил дел од Бруклин на неколку натпревари и во развојниот тим на Нетс. Досега има настапувано во Германија, Австралија а најдобри статистички резултати бележи во грчки Панатинаикос со 9.4 поени и 3.7 скокови во просек. Оваа сезона е дел од Гран Канарија со 9.8 поени и 2.3 скокови по натпревар во шпанската „Ендеса“. Претходно овие…