Барселона прилично лесно против ПСЖ, Кил излезе како победник во тешката битка со Веспрем!

Денеска започна „Фајнл Фор“ турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн, каде силите ги одмерија Барселона и ПСЖ во првиот, односно Кил и Веспрем во вториот натпревар. Со почеток од 18:00 часот, Барселона прилично лесно и доминантно одигра против „богатите французи“ и славеше со 37:32. На полувреме, шпанскиот гигант имаше 18:14, па во вториот дел се играше ракомет убав за око кој ни понуди „гол за гол“ цели 30 минути. Финалето го обезбеди целата екипа, тоа е сигурно, но мора да се напомене во прв план одличната партија на Дика Мем,…

ВИДЕО: Катастрофална грешка, нов кикс на Барселона

Барселона не успеа да стигне до победа во Ла Лига ниту во четвртиот натпревар по ред, откако денеска на гостувањето кај Алавес одигра 1:1. По одличната игра против Јувентус во Торино, голем број од навивачите на каталонскиот гигант се понадеваа дека таквиот стил ќе продолжи и во лигашките натпревари па ќе започнат со победи, но тоа не се случи. Катастрофалната грешка на Пике и Нето ја отежна работата на гостите по примениот погодок во 31-та минута од страна на Риоха. Тимот на Роналд Куман беше доминантен, имаше 25 шутеви од…

Меси: Ти си еден од најважните во историјата, не заслужи ваков третман

Луис Суарез си замина од Барселона и тоа во солзи. Во клубот беше вистински “убиец“ во нападот заедно со Меси и останатото друштво. Токму на Лионел Меси најтешко му падна ваквиот расплет. Тој беше навистина близок со Луис Суарез па одлучи да ја отвори душата во врска со заминувањето на уругваецот во Атлетико Мадрид. Веќе започнав да се навикнувам, но кога денеска влегов во соблекувалната, реалноста ме погоди силно.Тешко ќе биде да продолжам да ги поминувам деновите во Барселона без тебе, сеедно дали е тоа на теренот или надвор од…

АНАЛИЗА: Барселона и Веспрем убедливи, изненадување во Германија

Денеска се одиграа три средби од машката ракометна Лига на шампиони, а дуелот помеѓу Вардар и Елверум беше одложен. Како изненадување, можеме да го наведеме поразот на Кил од составот на Нант. Французите со високи 8 голови разлика, 27:35 го растурија германскиот тим на нивен терен. Одличниот и искусен шпанец, Валеро Ривера беше стрелец на 10 голови за Нант но остана и најефикасен на натпеварот. Голманот Емил Нилсен, беше од големо значење бидејќи имаше неколку клучни одбрани кога Кил беше во мал налет, за на крај да достигне до бројката…