АО: Првата рунда е зад нас – Беноа Пер во свој стил, а вистинските тенисери од врвот без проблеми закажаа нови дуели!

Во понеделник и неговите рани утрински часови, започна првото тениско големо првенство во годината, Австралијан Опен. Новата ситуација со здравствените протоколи не донесе некои големи проблеми, па првиот Грен Слем од сезоната започна во предвидениот термин. Рундата број 1, односно 1/64 финалето заврши денеска во попладневните часови, каде имавме само еден „неочекуван“ резултат во рамките на првите 10 носители. Лесни победи без изгубен сет остварија: Ѓоковиќ (1), Надал (2), Тим (3), Медведев (4), Циципас (5), Рублев (6), Беретини (9), додека со резултат 3:1, место во втората рунда обезбедија Зверев (7)…