Куманово оствари важна победа против Тиват, денеска играат со Ибар!

КК Куманово оствари важна победа на првото гостување од мини-турнејата во Црна Гора, откако беше поуспешен од екипата на Тиват со 83:90. Со овој триумф, КК Куманово влезе во најдобрите четири екипи од Група Е, па сега има реални шанси да се бори за следната фаза од БИБЛ лигата. Составот на Игор Ѓорѓиевски го имаше водството во текот на целиот натпревар, благодарејќи на прецизните шутеви од дистанца, односно погодените тројки – 15 од 31 обид. Најкорисен беше Александар Андрејевиќ со индекс 28, кој оствари „дабл-дабл“ учинок. Србинот имаше 19 поени…

ТФТ се враќа со „празни раце“ – втор пораз во Бугарија

ТФТ Скопје се враќа во Македонија по мини-турнејата во Бугарија, каде одигра две средби во три дена и забележа два порази. По првиот од Берое, денеска следуваше и вториот, сега од Академик Бултекс со 80:75. Македонскиот тим започна добро во 1/4 кога ја доби со 14:16, но имаше негатива од 2 поени на полувреме со 36:34. Во вториот дел, имавме нешто повеќе поени, но за жал во корист на домаќинот, кој по 5 одиграни рунди е лидер на табелата со максимален учинок. Најефикасен во ТФТ беше Тајрон Харис со 24…

БИБЛ: Куманово се уште во проблеми – одложена пресметката со Берое

Втор одложен натпревар за КК Куманово во регионалната БИБЛ Лига, овој пат со црногорски Берое поради проблемите со позитивни тестови кои се уште траат. Претходната недела поради истите причини беше одложен и дуелот против ТФТ Скопје. Натпреварот беше закажан за во петок од 19:00 часот на домашен терен, но работите се променија па ќе се бара нов термин. Од раководството на лигата ќе се бара решение и за првиот одложен меч. Куманово во првата рунда беше успешен со 90:83 против новиот суперлигаш ТФТ Скопје но немаше среќа добриот почеток да…

Позитивни случаи во КК Куманово – одложена средбата со ТФТ Скопје

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи во рамките на БИБЛ лигата што требаше да се одигра вечерва од 19:00 часот, е одложен. Организаторите на регионалното натпреварување добиле информација за два позитивни случаи на Ковид-19 во составот на Куманово, па донесена е одлука натпреварот да се одложи и да се најде нов термин откако здравствените власти одлучат колку време екипата ќе биде во карантин. Во првиот меч, Куманово славеше на домашен терен со 90:83.

Стартуваше БИБЛ, имаме „израелски“ и „балкански“ дел

Стартуваше регионалната кошаркарска БИБЛ Лига, а натпреварувањето e поделено во „израелски“ дел со 4 групи по 3 тимови и „балкански“ дел, каде има 1 група од 6 тимови. Вчера започна новата сезона од регионалното БИБЛ натпреварување, а се одиграа 4 дуели само во „израелскиот“ дел. Победи остварија: Хапоел Ерусалим над Макаби Ришон (група Д), Галил Гилбоа против Макаби Хаифа (група Б), Бнеи Херцлија над Хапоел Хаифа (група А) и Хапоел Холон против Ирони Зиона (група Ц). Во „балканската лига“, односно Група Е, ќе учествуваат по 2 екипи од 3 различни…