ФФМ: Натпреварот со Косово најверојатно без публика, средствата ќе бидат рефундирани

Македонската фудбалска репрезентација, на 8-ти октомври со почеток во 20:45 часот, треба да го одигра плеј-оф натпреварот против Косово во рамките на Лигата на нации, кој има тежина на 1/2 финален квалификациски дуел за Европско првенство. Доколку нашата репрезентација биде поуспешна од противникот, во финалната рунда ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија. Првичниот термин беше закажан за 26-ти март во 20:45 часот, но поради новонастанатата ситуација со пандемијата од Ковид-19, натпреварот беше одложен. Месец дена пред тоа, билетите беа пуштени во продажба, па голем број од…