Вистинско засилување доаѓа во Битола! Карим Хендави е нов голман на Еурофарм Пелистер!!!

Битолскиот ракометен клуб, Еурофарм Пелистер, одлучи да ја засили голманската линија – го потпиша најдобриот египетски голман, искусниот Карим Хендави. Хендави има 32 години, а веќе подолг период е во врвот на европскиот ракомет со својот талент и знаење. Доаѓа од романска Добруџа, а пред тоа настапуваше 2 сезони и за турски Бешикташ. Голманот ќе се приклучи на тренинзите кај Жељко Бабиќ по завршувањето на СП во неговата земја. Денеска селекцијата на Египет го отвори првенството со победа над Чиле од 35:29. Новиот голман на битолскиот клуб е висок 188…

Мандалиниќ останува во Еурофарм Пелистер: Градот и тимот имаат душа, задоволен сум!

Хрватскиот ракометар, Стипе Мандалиниќ, го продолжи договорот со РК Еурофарм Пелистер на уште 1 година и 6 месеци, откако веќе половина година ги брани боите на битолскиот гигант. На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22. Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир…

Изненадување во Битола: Тиквеш го совлада Еурофарм Пелистер 2

Во рамките од четвртото коло на Група Б, попладнево екипата на Еурофарм Пелистер 2 неочекувано загуби од гостинскиот тим на Тиквеш, со тесен резултат од 29:30. По трите врзани победи и гол разлика од +23, битолчани загубија во четвртото коло од Првата машка ракометна Суперлига на Македонија. Само да напоменеме дека Ковид-19 вирусот се најде за присутен и во тимовите на РК Струга и РК Охрид, откако веќе во мирување беше ставена Група А.