ФУТСАЛ: Пораз од БиХ на стартот од квалификациите за ЕП!

Футсал репрезентацијата на Македонија, со пораз од 2:1 против Босна и Херцеговина ги започна квалификациите за Европското Првенство. Во Зеница, македонската репрезентација загуби од домашната репрезентација, а двата голови за домашната селекција ги постигна Бошковиќ. Босанците водеа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1. Тоа беше и крајниот резултат, иако бевме подобри во второто полувреме со неколку шанси за да изедначиме и да се вратиме со 1 бод во Скопје.  На 3-ти февруари, селекцијата на Македонија предводена од Васко Скендеровски, ќе го одигра вториот меч од квалификациите.…

Квалификации за ЕП: Македонија покажа слаба игра со многу грешки, но стигна до посакуваната победа!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ги стартуваше квалификациите за ЕП 2021 со победа од 3:0 против Босна и Херцеговина, на првиот од двата турнири кои ќе бидат организирани во Скопје. Првиот сет го одигравме на „мускули“, бидејќи играчите на БиХ имаа предност цело време, дури и 15:8. Направија грешка при резултат 23:24 на наш сервис кога спасивме втора сет топка и сетот го добивме со 27:25. Во вториот, бевме многу посигурни и го наметнавме темпото кое ни одговара. Нашата селекција имаше највисоки +6, но резултатот беше 25:21. Во третиот сет,…

Во понеделник започнуваат квалификациите за ЕП во одбојка!

По лошите подготвителни натпревари против Бугарија, каде освоивме три пати по 1 сет и 2 сетови во првиот меч, дојде и тој период – во понеделник ги започнуваме квалификациите за ЕП 2021 во одбојка. Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува, со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година. Поради Ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција…