Ги видовме слабите страни на БиХ – рутинска победа за Македонија!

Одбојкарската репрезентација на Македонија, рутински со 3:0 славеше против селекцијата на Босна и Херцеговина, во нивниот втор дуел на квалификацискиот турнир во Скопје. Ги видовме и ги научивме слабите страни на репрезентативците на Босна, па без проблеми го добивме вториот меч во рок од четири денови. Во првиот сет имавме константна позитива од 3 поени, која пред самиот крај се искачи и на солидни +5, за 20:25. Во вториот, нешто потешко, славевме на разлика со 24:26, но тоа само можеше да биде од психолошка корист за самиот крај во третиот…