Мајами на 3:1, Тајлер Хиро со рекорден број на поени

Тимот на Мајами Хит славеше во четвриот дуел од серијата со Бостон Селтикс, за влез во големото финале од НБА лигата. Тајлер Хиро постигна рекордни 37 поени во неговата кариера. Младиот шутер на „жешките“ имаше 6 скокови и 3 асистенции, а за 3 поени шутираше 50%, односно 5/10, за 36 минути на теренот. Кај Селтикси, најефикасен беше Џејсон Тејтум со 28 поени, а беше блиску до „дабл-дабл“ со 9 скокови, а придодаде 4 асистенции. Батлер постигна 24 а Драгиќ 22 поени. Вреди да се напомене и одличната игра на центарот…