Маџовски: Бевме многу лоши во Требње, но, утре ќе ја вратиме самодовербата со победа!

Во кратко интервју за својот клуб, Бојан Маџовски ги прифати критиките и самиот посочи дека на гостувањето кај Тримо Требње одиграле катастрофален натпревар, со најголем број на промашени зицер-ситуации досега. Можам да ви кажам дека во Словенија го имавме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, постоеше голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива…