(АНЕГДОТА) Анчелоти: Кога Роналдо дојде во Милан…

Кога Роналдо пристигна во Милан имаше 100 килограми. Му реков дека не можам да го пуштам да игра во таква состојба, мора да ослабне. Роналдо ме праша што очекувам од него? Дали да трча или да постигнува погодоци? Ако очекувам од него да трча, веднаш да го седнам на клупата за резерви, но ако сакам бодови и голем број на постигнати погодоци, да го ставам во првиот состав. На следниот натпревар тој беше во шпицот на нападот и два пати се запиша во листата на стрелците.

СЛИКА НА ДЕНОТ: Одбојкар носи заштитна маска за време на натпревар

Лукас Сааткамп е можеби единствениот одбојкар во светот кој носи заштитна маска за време на еден натпревар. Но, не само на овој дуел, играчот на ваков потег се одлучил уште од почетокот на пандемијата па така доаѓа и на долгите и напорни тренинзи. Најверојатно се прашувате зошто го прави тоа кога никој друг не користи заштитна маска за време на натпревар? Во неговата официјална изјава рекол, дека тоа е поради безбедноста на неговиот син кој има белодробно заболување и се наоѓа во ризична група на пациенти. Заради тоа, Лукас не…