Брестовац: Очекувам судиите да не дозволат груба игра, инаку лесно ќе изгубиме!

Селекторот на Македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, посочи дека не е задоволен од критериумот на судење во натпреварот со Словенија. Во пресрет на денешниот дуел со селекцијата на Русија, тој потенцираше: Не сум задоволен од судиските одлуки на мечот со Словенија, посебно во играта со кружните напаѓачи. Судиите немаа ист критериум, и тоа е еден од клучните фактори кога создадоа голема позитива. Нашата игра се темели во тој сегмент, а истото се случи и со Шведска. Тие не’ гледаат како млада екипа… Самите играчи се свесни дека Русите и Белорусите…

Данило Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за собир на машката сениорска ракометна репрезентација за прeтстојната ЕХФ недела. Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија, за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. За време на подготовките, ќе се одиграат и два контролни натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.

Измени во стручниот штаб на Брестовац, повикан и Гоце Георгиевски

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац, ја направи првата измена од последниот скратен состав за квалификациските натпревари од ЕП 2022 против Финска и Швајцарија. Во составот како замена влезе Гоце Георгиевски, откако Мартин Поповски мора да остане во карантин по вчерашниот позитивен тест на корона. Заедно со него се и Мартин Велковски и Марио Танкоски. Имаше измени и во стручниот штаб, па на местата на Александар Царчев и Никола Матлиески ќе бидат Ице Соколески и Раде Стојановиќ. Денеска се тестирани сите луѓе од тимот па за наша среќа резултатите…

Брестовац го објави поширокиот список на ракометари

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави поширокиот список на играчи за претстојните квалификациски натпревари од ЕП 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија.