РАКОМЕТ ЖЕНИ: Куманово прими едноцифрен број на погодоци, сигурна победа и на Вардар СЦБТ

Денеска на програмата беше 11-та рунда од Првата женска ракометна лига, а по долго време, комплетирани беа сите 6 натпревари. Поради непарниот број на екипи, слободен беше Чаир. Во терминот од 12:00 часот, се одиграа два натпревари. Спартак лесно се справи на гости со Шампион и оствари победа од 22:31, додека пак, Металург Скопје на домашен терен забележа изненадувачки пораз од Стружанка со тесен резултат 21:22. Тимот на Гевгелија убедливо славеше против Кузман Вардар (најслабиот во првенството кој има 0/9) со 34:22 во терминот од 14:00 часот. Три часа подоцна,…

Во вечното дерби-подобар Металург, Куманово ја пречекува Деспина

Вчера, во дерби дуелот од 9-та рунда во женската ракометна Суперлига на Македонија, славеше составот на Металург со 28:21 над Вардар СЦБТ. Во првиот дел од натпреварот резултатот беше неизвесен, а на одмор, ракометарките на Металург заминаа само со 1 погодок позитива, 12:11. Вардар покажа сигурна и цврста игра во текот на целиот натпревар, но нивниот отпор падна 10-тина минути пред крајот, па предноста се искачи на +7. Најефикасна во домашниот тим беше Гугуљанова со 6 погодоци а веднаш зад неа со по 5 беа Тасевска и Божиновска. Кај вардарки,…