Македонската фудбалска гордост, на работ од пропаѓање… (I)

Вардар е гордоста на  Македонија, како што е и Макаби на Израел. Ова нема да го признае само навивач на некој ривалски клуб или некој кој не следи спорт воопшто. Зошто? Затоа што е единствен клуб од ова поднебје кој константно играл во Првата лига на Југославија, некој кој има дадено многу македонски и југословенски репрезентативци и кој Скопје и Македонија во тоа време, а и денеска, го претставува во најдобро светло. Па така, не може, а да не се каже дека е гордост на нашата преубава земја. „Ој Вардаре…

Куманово губеше, па му покажа „мускули“ на Вардар!

Куманово го совлада тимот на Вадар на гостински терен со 95:86, откако на полувреме имаше мала негатива, 49:46. Првата четвртина му припадна на Вардар со само еден кош предност, 23:22, за да во втората имаа 26:24 и минимална предност на полувремето. Во вториот дел, Куманово правеше помал број на грешки и успешно реализираше во нападот за 14:25 во 3/4. Последниот период, скоро цело време го диктираше гостинскиот состав на Владимир Мирковски за +10 позитива. Пред самиот крај, Вардар ја спушти негативата на само 5, но без ниту една шанса за…

1.МФЛ: Ветеранот Маневски ја сруши Шкендија, рутинска победа за Вардар!

Последната рунда за оваа година се одигра денеска, па фудбалерите од Првата македонска лига одат на заслужен одмор во наредни два месеци. Пелистер го сруши есенскиот шампион Шкендија со погодокот на Борче Маневски во 90-та минута, а составот на Вардар рутински забележа победа на гостувањето против Беласица со 0:3. Тимот на Македонија ЃП загуби на домашен терен од Ренова со 2:3. Имавме две гостински победи со по 1:2, и тоа: Струга беше подобра од Шкупи, а Академија Пандев го совлада Силекс. Фудбалскиот клуб Работнички, во Скопје го доби тимот на…

НБА во Битола: Пелистер го „наполни“ Вардар за сите пари!

Пелистер и Вардар го одиграа заостанатиот натпревар од втората рунда во Првата кошаркарска лига, каде во текот на сите 40 минути, ниту еднаш не се постави прашањето околу победникот, за конечни 122:72. Откако се комплетираше тимот со враќањето на репрезентативното крило Бојан Трајковски, без никаков попуст, „пелистерци“ одиграа крајно мотивирано и стигнаа до вториот успех во сезоната. Екипата од Битола започна фуриозно уште од самиот старт за на полувреме да има 63:31. Со такво темпо, „зелено-белите“ продолжија и во второто полувреме каде се изгледаше рутински и како на тренинг против…

1.МФЛ: Во Тетово “пукна“ петарда, Силекс подобар од Вардар

Македонската фудбалска јавност денеска беше сведок на рундата број 14 од првата машка лига. На стадионот во Тетово се слушна “пукање“ на петарда, додека пак во Кратово, Силекс беше минимално подобар од Вардар. Составот на Шкендија го декласираше тимот на Македонија Ѓ.П. со дури 5:0, а веќе на полувреме беше обезбедена победата бидејќи на одмор фудбалeрите заминаа со 3:0 позитива. Стрелци на погодоците беа: Елези во 10′, Дориев во 35′, Ибраими во 39′, Нафиу 88′ и Тотре во 90′ минута. Во Кратово, победата со минимални 1:0 остана кај домаќините Силекс…

1.МФЛ 12 рунда: Вардар го сруши отпорот на Борец, утре се останатите пет средби

Фудбалскиот клуб Вардар на само 10 минути пред крајот го сруши отпорот на Борец и со победа ја отвори рундата број 12 во Првата фудбалска лига на Македонија. Првото полувреме протече без интересни моменти и фудбал кој не беше убав за око. Се продолжи така и во вториот дел но со повисоко темпо, па во 80-та минута со погодокот на Јован Попзлатанов, Вардар стигна до предност од 0:1. Во судиското надополнување, Матеј Цветаноски постигна уште еден погодок и го заклучи мечот со 0:2 за важна победа на легендарниот фудбалски тим.…

Одложена средбата со ПСЖ, тимот на Вардар во карантин

Се одложи натпреварот од 6-та рунда во Група А помеѓу Париз Сен Жермен и Вардар 1961, што требаше да се одигра утре во во Франција со почеток од 18:45 часот. Причината за откажувањето на натпреварот е таа што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање. По консултациите со ЕХФ, решено е дуелот да биде одложен, па да биде закажан дополнително во друг термин. За нашата екипа, ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. Досега, ПСЖ има само…

Алушовски: Знаев дека ќе биде тешко, ни недостигаше Дисингер

РК Вардар 1961 одигра нерешено со Порто 25:25, во рамките на петтата рунда од ракометната Лига на шампиони. Борко Ристовски на крајот немаше среќа да ја одбрани и клучната топка за да стигне Вардар до победа, но имаше огромни 18 интервенции а постигна и 4 погодоци. Слаб натпревар одигра Филип Талески со неколку клучни грешки и постигна само 1 гол од 4 обиди. Најефикасен беше Иван Чупиќ со 7 погодоци. Кај гостите, нашиот Никола Митревски забележа 11 одбрани, а прв на листата на стрелците беше одличниот пивот Итуриза со 7…

По еден месец пауза, Вардар повторно на мегдан во ЛШ

Ракометниот клуб Вардар 1961, по еден месец пауза во Лигата на шампионите и одиграната прва рунда, денеска ќе настапи на домашен терен против германскиот гигант Фленсбург. Денеска, со почеток во 20:45 часот, Вардар 1961 ќе ги одмери силите со германскиот силен состав на Фленсбург, откако натпреварите со Елверум и Пик Сегед беа одложени. За разлика од нашиот тим, германците не беа во ситуација да паузираат поради позитивни играчи во противничкиот состав, па ги одиграа сите 3 претходни рунди и се со максимален учинок. Фленсбург на домашен терен беше подобар од…

Пролонгиран подготвителниот период, СЕХА лигата стартува за две недели

Иако првично беше најавено дека утре, на 10-ти октомври (недела), ќе започне новата сезона од регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата, според најновите информации тоа не е така. Новиот почеток се очекува да биде за две недели, односно на 23-ти октомври. Оваа година ги имаме истите членови поделени во две групи, но со по 5 тима. Пробната сезона од минатата година заврши за Беижинг Универзитет и ЦСКА Москва, кои служеа само за поправување на гол разликата. Наскоро се очекува комплетниот распоред за сите рунди, па можеме и конечно да ги видиме…