Александар Васоски – нов тренер на Академија Пандев!

Александар Васоски од денес е нов тренер на Фудбалскиот клуб Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер. Клубот од Струмица веќе ја објави и програмата за зимските подготовки. Собирот е на 8-ми јануари, каде ќе се одработи и првиот дел од подготовките, за да веќе на 20-ти…