Дарио Василевски: Ниту еден друг спорт не ме привлече како велосипедизмот

Дарио Василевски е 16-годишен велосипедист кој оваа година оствари големи резултати. За Спортски Колектив посочи дека ниту еден друг спорт го нема привлечено како адреналинското возење по планинските патеки. Се занимавам со велосипедизам скоро две години. Во сезоната 2019, бев 3-ти во генерален пласман за планински велосипедизам. Тогаш освоив 3 бронзени и 2 сребрени медали. Оваа сезона беше најуспешна за мене бидејќи се закитив со 3 златни и 2 сребрени медали во категорија на кадети, со што се искачив на првото место на ранг листата. Овие високи резултати ми донесоа…

Шампиони во планински велосипедизам за 2020 – „Крос Сајклинг Куманово“

Велосипедскиот клуб Крос Сајклинг-Куманово (Cross Cycling-Kumanovo) е официјално прогласен за шампион во планински велосипедизам за 2020 година. За само три години од основањето на клубот, членовите го исполнија сонот на секој професионален спортист и се крунисаа со најдоброто, односно првото место во нивната омилена дисциплина. Претседателот на ВК Крос Сајклинг од Куманово, Емил Цветанов, неуморно ги реализираше идеите за поголем успех. Отворањето на велосипедскиот центар со сигурност помогна во усовршување и создавање на вистински професионалци во овој адреналински, но пред се тежок спорт. Во клубот можат да членуваат велосипедисти од…