Мирковски си замина, КК Куманово има нов тренер

Досегашниот тренер на КК Куманово, Владимир Мирковски, не се задржа долг период во клубот бидејќи си поднесе оставка по 6 месеци работа. Мирковски го замени Петровиќ во јуни, кога пристигна од ФМП Академија. Сега, по заминувањето, на негово место ќе застане кумановецот Игор Ѓорѓиевски, кој беше помошник на скопскиот стратег. Од неофицијални извори дознаваме дека немало најдобра соработка помеѓу голем дел од играчите со тренерот Мирковски, кои очигледно не го дадоа својот максимум на последните натпреварите во БИБЛ, но и националното првенство на Македонија.

Пријателски натпревар: Куманово со нерешен исход се враќа од Гостивар

КК Куманово 2009 и КК Гостивар одиграа нерешен пријателски натпревар 84:84, во салата „Младост“ во Гостивар. Првото полувреме отиде во полза на домашниот тим, па гостиварци на пауза отидоа со предност од 11 поени, 50:39. Во вториот дел, подобар беше тимот на Владимир Мирковски со 34:45. Поради повреди, Марјан Србиновски не можеше да смета на Марјан Јанески и Малком Армстед, па поентерски најефикасни беа Александар Костоски со 22, односно Александар Тодоровиќ со 21 поен. Во Куманово, тоа беа Хулио Гуити со 23 поени и Џош Селби со 20. Наредната недела,…

КК Куманово со неколку успешни контролни натпревари

КК Куманово 2009 вчера на гостински терен во пријателски натпревар го победи тимот на МЗТ Скопје 2 со 67:73. На овој дуел, Куманово настапи со половина тим, се со цел да играат кумановските млади играчи. Надвор од составот беа, Џош Селби, Александар Андрејевиќ и Горјан Марковски. Најдобар стрелец кај кумановци беше Дамјан Робев со 23 поени, а Стеван Глигоријевиќ со „дабл-дабл“ учинок постигна 16 поени и 12 скокови. Андреј Цветковски постигна 12 поени и Хулио Гуити реализираше 11. Претходно, Куманово загуби два натпревари а доби еден. На првиот дуел со…

КК Куманово со нови дресови за сезоната 2020/21

Екипата на КК Куманово покрај новиот тренер,спортскиот директор и неколкуте засилувања, деновиве ги претстави и новите дресови за сезоната 2020/21, која се очекува да започне на почетокот од месец октомври. Во Куманово владее позитивна атмосфера и сите со нетрпение го очекуваат почеток на првенството. Нов тренер за оваа сезона е Владимир Мирковски, кој дојде од ФМП Академија. За нов спортски директор е назначен Дарко Петковски, поранешен кошаркар и тренер на поранешна локална екипа. Во клубот исто така пристигнаа и двајца американци, Џош Селби и Хулио Гуити од кои највеќе се…