СЕХА ЛИГА: Вардар ја пречекува Војводина, познат и составот за првиот натпревар!

Екипата на РК Вардар 1961 ја пречекува РК Војводина денеска од 17:45 часот, како прв официјален натпревар во новата година, но и прва средба за „црвено-црните“ во СЕХА Лига за сезона 2020/21. Регионалното натпреварување започна доцна во минатата година, односно во средина од декември, како што веќе знаете поради големите проблеми кои ги зададе моменталната пандемија со корона вирус. Сезоната ја отворија Нексе и Војводина, каде славеше хрватскиот клуб со минимални 24:23. Во оваа група Б, е и екипата на Вардар, но и украинскиот Мотор. Вториот натпревар го одиграа екипите…