Ангеловски: Со проверени сили одиме против Романија, Лихтенштајн и Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација децидно посочи дека тимот е проверен и има искуство за вакви натпревари, каде се очекува максимумот. Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата…

Не чекавме долго, го добивме првиот службен резултат на СП во Египет!

Бевме загрижени, и еве се случи по краток период – го добивме првиот службен резултат на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во земјата на пирамидите, Египет. Денешниот натпревар помеѓу Германија и Зеленортските Острови ќе биде регистриран со 10:0 за германскиот тим, а причината е повеќе од јасна – африканската селекција нема доволен број на подготвени ракометари, по денешното ново тестирање. Се појавиле уште два позитивни случаи, па екипата е со 9 играчи, а според правилата, потребно е најмалку 10 од кои еден ќе биде голман. Зеленортските…

Германските ракометари го бојкотираат СП 2021!

Деновиве најактуелна тема во машкиот ракомет е во каков состав ќе замине германската репрезентација на Светското првенство 2021 година. По пикерот на Кил, Патрик Винчек, од репрезентативниот повик на селекторот Алфред Гисласон, се откажаа и Хендрик Пекелер, Фин Лемке и Штефан Вајнхолд. Големи се шансите уште неколку играчи да го сторат истото, со големи најави за важните и искусните поединци. Во Германија се зборува дека играчите не сакаат да патуваат и да бидат во изолација надвор од својата земја поради здравствени причини, но ракометарите се оправдаа со семејството во прв…

(ВИДЕО) Погодок од 40 метри + фанатичен коментатор = уживање!

Интересен погодок постигна Хасан Амин за фудбалскиот клуб Мепен, во германската трета лига. Вреди да се напомене дека екипата ја води легендарниот Торстен Фрингс! Но, доколку преносот го водеше некој друг спортски работник, немаше да имаме ниту слична ситуација затоа што голем број на чинители се потребни за еден производ да понуди уживање.

По еден месец пауза, Вардар повторно на мегдан во ЛШ

Ракометниот клуб Вардар 1961, по еден месец пауза во Лигата на шампионите и одиграната прва рунда, денеска ќе настапи на домашен терен против германскиот гигант Фленсбург. Денеска, со почеток во 20:45 часот, Вардар 1961 ќе ги одмери силите со германскиот силен состав на Фленсбург, откако натпреварите со Елверум и Пик Сегед беа одложени. За разлика од нашиот тим, германците не беа во ситуација да паузираат поради позитивни играчи во противничкиот состав, па ги одиграа сите 3 претходни рунди и се со максимален учинок. Фленсбург на домашен терен беше подобар од…

Денеска се враќа „Бундес“, утре „Калчо“

По скоро 3 месеци, се враќа германската Бундес Лига. Првенството вечерва во 20:30 го отвораат ланскиот шампион Бајерн Минхен и екипата на Шалке. Утре пак, во 18:00 часот на домашен терен Фиорентина ќе го пречека тимот на Торино во првото коло од Серија А. Како и секоја година па така и оваа, германците отвораат во петок. Бајерн Минхен ќе ја пречека екипата на Шалке и ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во првото коло. Нови членови на Бундес Лигата за оваа сезона се: легендарниот и чест член во…