Пандев: За мене, ова е последна шанса!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација во кратка изјава за ФФМ порача: Огромна е желбата да победиме и да подариме радост на нашиот народ. Јас, едноставно, живеам за овој натпревар. Знам дека сите ние ќе го оставиме срцето на терен. За мене ова е последна шанса да играм на големо натпреварување и се надевам дека ќе успееме. За Горан Пандев, ова ќе биде 102 настап за нашата репрезентација, а има постигнато 33 погодоци. Се надеваме дека и таа бројка ќе ја зголеми и ќе направи македонците да бидат горди.