ВИДЕО: Како капитенот Џака го остави Арсенал на цедило?

Гранит Џака игра катастрофален фудбал но се уште е дел од Арсенал и се уште ја носи капитенската лента. На натпреварот со Барнли и поразот од 0:1, Џака со несовесен потег го остави својот тим на цедило. Во продлжение, можете да го видите моментот и да пресудите дали 28-годишниот швајцарски репрезентативец заслужува да биде дел од клуб каков што е Арсенал и да биде „лидер“ на теренот?