Ангеловски објасни: Прекините и задната линија да ја затвориме, се почнува од нас!

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, во кратко видео обраќање за ФФМ објасни каде ги бара слабостите на домаќините и преку кои играчи можеме да направиме позитивен резултат. Нешто најважно што треба да го направиме е да ги оставиме нивните два одбранбени играчи под притисок, да не можат да организираат напад, да идат на долга топка. Да имаме поголем посед од нив, бидејќи играат многу широко па треба да го искористиме просторот. Тука се најопасните наши поединци, Елиф, Горан па да нападнеме на задната линија, потпомогнати од Џани и Стефан во…

Нов удар за Ангеловски – Барди остана во Скопје!

Енис Барди не отпатува за Тбилиси и ќе биде четвртиот играч кој нема да биде дел од натпреварот со Грузија. На вчерашниот тренинг, Барди се пожалил на болки во грбот и градите, па по консултации со медицинскиот тим било констатирано дека не треба да биде дел од составот. Тој ќе замине веднаш во Валенсија, а за тренерот Игор Ангеловски ова е нов удар по отсуствата на Адеми, Ристевски и Велковски. Можеби и неочекувани големи проблеми за Македонија, но тимот има капацитет и гордо ќе се обиде да и донесе радост…

Ангеловски: Имаме мали проблеми… Ќе одлучуваат нијанси!

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за дуелот со Грузија, а во среда патува за Тбилиси. Селекторот на нашата најдобра фудбалска селекција, Игор Ангеловски, се соочува со одредени проблеми во однос на фудбалерите кои се на списокот за настап, но се надева дека со пристигнувањето на сите играчи ќе се надмине неизвесноста во однос на настапот на играчите и подготвени ќе ја дочекаме големата пресметка.  „Од фудбалерите кои пристигнаа во репрезентативната база, за жал, Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација за овие натпревари. Денеска…

ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија ги започна подготовките за против Грузија

Македонската фудбалска А селекција ги започна подготовките за историскиот натпревар против Грузија, кој овозможува пласман на Европско Првенство 2020, кое поради моменталната ситуација ќе започне дури во јуни следната година. Македонија ќе гостува на стадионот „Ворис Паичаѕе Динамо Арена“, а натпреварот е на програмата во четврток од 18:00 часот со директен пренос на МТВ 1 и МТВ 3 во 17:50.