Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари. На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна…

Големи проблеми за Тодоров: Еден позитивен кошаркар и други двајца под знак прашалник

Македонската кошаркарска селекција денеска од 15:00 часот ќе се соочи со тимот на Италија во арената „Саку Сурхал“ во Талин, но со доволен број на проблеми кои внесуваат паника во екипата. Имено, КФМ објави дека резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. Покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа…

Лекарите посоветуваа: Димитријевиќ да не патува во Талин, не е подготвен

Раководството на кошаркарската репрзентација, по вчерашните направени тестирања и анализи, доби лекарско уверување дека во овој момент, Ненад Димитријевиќ не може максимално да се подготви во пресрет на тешките предизвици во Талин. Младиот бек, за жал, останува во Скопје по деталните прегледи во една приватна клиника и нема да му биде од помош на селекторот Александар Тодоров за двете средби од квалификацисиот турнир за ЕвроБаскет 2021, против Италија и Естонија на 28-ми односно 30-ти ноември. Гечевски потенцираше дека ова не е единствен момент кога ќе ни биде потребен Димитријевиќ и…

Гечевски: Најважно е здравјето на Димитријевиќ, можно е да ни се приклучи

Спортскиот директор на националните кошаркарски селекции, Тодор Гечевски, го објасни изоставувањето на Ненад Димитријевиќ од тимот за ноемврискиот квалификациски турнир во Талин. Сакам да појаснам некои работи поврзани со наводен случај кој се создава во нашата кошаркарска јавност, поврзан со Ненад Димитријевиќ. Тој дојде во Скопје, и денеска разговарав со него, за ситуацијата во која се најде откако поради корона вирусот во изминатиот период не беше во состојба да ги извршува своите професионални обврски, појасни легендата на македонската кошарка Работите ќе бидат појасни откако Димитријевиќ ќе ги помине прегледите и…

Кошаркарите порачаа: Немаше да патуваме во Талин, ако не постоеше шанса да победиме!

Сениорскиот кошаркарски тим на Македонија, вчера се собра и го одработи првиот тренинг пред квалификацискиот турнир во Талин, Естонија, против домашната селкција и составот на Италија. Селекторот Тодоров ги одбра 12-те играчи кои ќе бидат краток период на подготовки во Скопје па ќе тргнат на патувањето за првата средба против Италија на 28-ми ноември во 15:00 часот. Два дена подоцна, со почеток во 19:30 играме против Естонија. Поради моменталната ситуација во светот, тренерот нема голем простор за тактизирање, но откажувањето не е опција. На вчерашниот прв собир, свое видување за…

Тодоров го објави поширокиот список на кошаркари за ноемвриските дуели од ЕвроБаскет

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезенација, Александар Тодоров, го објави поширокиот список на играчи за двата натпревари во ноемвриската репрезентативна пауза. Македонија ќе ги одмери силите во 3-та и 4-та рунда против Италија и Естонија на гости во само два дена. На 28-ми ноември играме во Талин од 15:00 часот против Италија, а на 30-ти во истата сала против домаќинот од 19:30 часот. Нашата селекција ги започна квалификациите со најлошото сценарио бидејќи забележавме два порази од исто толку настапи откако на домашен терен во првата рунда бевме полоши од Естонија,…