Денеска започнува Еврокуп, в четврток Евролига

Денеска во 19:00 часот започнува новата сезона од кошаркарскиот Еврокуп, а в четврток во 19:30 часот пак, се враќа најсилното натпреварување, Евролигата. Денеска во исто време во Подгорица и Бурса се отвора новата 2020/21 сезона, во второто по јачина кошаркарско натпреварување во Европа, каде Будуќност ја пречекува Бреша, а Бурсаспор е домаќин на Тренто. Во четврток пак, во 19:30, новата сезона во Евролига ја отвораат Анадолу Ефес и Зенит Петерсбург во Истанбул. Во продолжение, можете да ги прочитате сите групи од Еврокуп ( први 4 од секоја група одат во…