Прв дел од сезоната во Евролига – кои играчи го одбележаа? (ВИДЕО)

Најголем дел од тимовите одиграа по 17 рунди, некои и по 16, а само Зенит беше со 15 настапи поради проблемите со позитивни играчи на вирусот корона. Но, сезоната мораше да се прекине на кратко и играчите да заминат на заслужен одмор. Кој највеќе се истакна во првиот дел од натпреварувањето за 2020/21, погледнете во видеото што го подготви менаџментот на најсилното европско натпреварување:

(ВИДЕО) Блокада на рундата – го врати во прво одделение!

Никола Милутинов ја имаше блокадата на рундата во Евролига, кога со фантастична игра под својот обрач го „врати во прво одделение“ Хасан Мартин – човекот кој го пополни местото на србинот кој токму од Олимпијакос замина во ЦСКА Москва.

Нови откажани натпревари во Евролига

На терен во петтата рунда нема да излезат кошаркарките на Зенит и Армани, кои својот меч требаше да го одиграат во четврток во Санкт Петербург. Натпреварот е одложен на барање од Зенит, кој нема доволен број на играчи за одигрување на мечот. Исто така, и Алба Берлин во четврток требаше да ја пречека Басконија, но и тој натпревар нема да се одигра на барање на домаќините. Одложен е и дуелот помеѓу Ефес и АСВЕЛ во Истанбул кој беше закажан во петок од 19:30 часот. Се уште големи проблеми со изолирани…

Притисокот од јавноста вредеше, Евролига ќе менува правила

Поради наводниот „втор бран“ од вирусот корона, пропадна идејата за доделување на службена победа доколку некој тим нема подготвен список на играчи во Евролига и Еврокуп. Правилото гласеше: „Доколку некој колектив не може да обезбеди 8 играчи за настап на еден натпревар, истиот тим ќе биде поразен со службен резултат од 20:0“. По само две рунди, во озбилен проблем се тимовите на Зенит,Асвел и Бург(Еврокуп). Имаше голем број на приговори по големиот број на службено доделени натпревари, а и јавноста реагираше негативно потенцирајќи дека не е фер без борба а…

ЕВРОЛИГА: Први службени победи поради позитивни тестови, ни следува ли „меур“?

Дисциплинската комисија на Евролигата денеска одлучи дека натпреварите на Зенит Петерсбург закажани за 3-та и 4-та рунда ќе ги добијат противниците со службен резултат од 20:0. Вчера на програмата беше првиот меч кој требаше да се одигра во 21:00 часот во Виторија. Тимот на Басконија остана сам откако играчите на Зенит не допатуваа. Екипата од Русија немаше 8 подготвени играчи, а ќе нема ни во следната 4-та рунда која требаше да се одигра утре, исто така во Шпанија од 21:00 часот, но овој пат против составот на Валенсија. Имаше уште…

ЕВРОЛИГА: ТОП 10 потези од првата рунда

Успешно помина отворањето на новата сезона од Евролигата, откако сите 9 натпревари се одиграа во закажаните термини. За втората, можеби и нема така да биде – секојдневно имаме нови позитивни случаи во голем број на екипи. Како и да е, рундата што е веќе зад нас ни приреди вистински натпревари со квалитетни акции и потези. Во продолжение, можете да ги погледнете најдобрите 10: Втората рунда е планирано да започне во четврток во 19:00 часот, со натпреварите на ЦСКА МОСКВА – МАКАБИ ТЕЛ АВИВ и ЗЕНИТ ПЕТЕРСБУРГ – БАРСЕЛОНА.

Денеска започнува Еврокуп, в четврток Евролига

Денеска во 19:00 часот започнува новата сезона од кошаркарскиот Еврокуп, а в четврток во 19:30 часот пак, се враќа најсилното натпреварување, Евролигата. Денеска во исто време во Подгорица и Бурса се отвора новата 2020/21 сезона, во второто по јачина кошаркарско натпреварување во Европа, каде Будуќност ја пречекува Бреша, а Бурсаспор е домаќин на Тренто. Во четврток пак, во 19:30, новата сезона во Евролига ја отвораат Анадолу Ефес и Зенит Петерсбург во Истанбул. Во продолжение, можете да ги прочитате сите групи од Еврокуп ( први 4 од секоја група одат во…