Еурофарм Пелистер го надигра Требње и ја запиша првата победа!

Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша првата победа во Европската Лига откако на домашен терен го совлада тимот на Тримо Требње со 33:26. Првото полувреме заврши со голем број на погодоци, но и висока предност за нашиот состав со 20:14. Во вториот дел, Еурофарм Пелистер го одржуваше водството дури и ги доби вторите триесет минути со 13:12 за конечни 33:26. Прв на листата на стрелците беше Стипе Мандалиниќ со 11 погодоци. Во следната рунда, битолскиот клуб гостува кај Татабања во февруари следната година.

Маџовски: Бевме многу лоши во Требње, но, утре ќе ја вратиме самодовербата со победа!

Во кратко интервју за својот клуб, Бојан Маџовски ги прифати критиките и самиот посочи дека на гостувањето кај Тримо Требње одиграле катастрофален натпревар, со најголем број на промашени зицер-ситуации досега. Можам да ви кажам дека во Словенија го имавме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, постоеше голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива…

(ФОТО) Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот дуел со Требње

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот натпревар против Тримо Требње во Словенија. За битолскиот клуб и нашиот втор претставник во Европската Лига, ова ќе биде четврти натпревар во групната фаза во кој ќе се обидат да ја запишат првата дебитантска победа, по неуспешните два дуели со ГОГ и Рајн Некар Левен, и нерешениот резултат со Кадетен. За домаќините, ова е само втора средба, а на отворањето беа поуспешни од Татабања на гости. Екипата на Урош Зорман го забележа првиот пораз во 2020 година, откако тој стана…

Жељко Бабиќ: Во Европската Лига нема фаворити, а Урош Зорман е одличен тренер!

Хрватскиот стратег кој е на чело на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, во кратко интервју за својот клуб појасни дека во Европската Лига не треба да се зборува за фаворитска улога. На прашање што очекува од дуелот што следува, гостувањето кај Требње во Словенија и одличниот нивен водач Урош Зорман, тој посочи дека се е можно и не треба да се обрнува внимание на фаворитската улога пред мечевите, бидејќи таа не постои во овој период. Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со Ковид-19. Видовме…

(СОСТАВ) Еурофарм Пелистер тренираше во Манхајм: Вечерва излегува на најтешкиот испит!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер вчера пристигна во Манхајм и го одработи последниот тренинг пред денешниот натпревар со Рајн Некар Левен, во рамките на Европската Лига при ЕХФ и својот трет настап. Еурофарм Пелистер има едно реми и еден пораз во двете средби кои ги одигра досега. Загуби во Данска од ГОГ а ремизираше на домашен терен против Кадетен. Денеска има нова шанса за победа, но против неверојатно силниот тим на Рајн Некар Левен. Германците се водечки тим во националното првенство со по 14 бодови заедно со екипата на Кил, а…

ЕХФ ЕЛ: Металург не знаеше за одбрана… Играше ли Еурофарм Пелистер во второто полувреме?

Во Европската лига на ЕХФ, денеска своите натпревари од третата рунда ги одиграа и Металург и Еурофарм Пелистер. Скопската екипа не знаеше за одбрана, а битолскиот состав како да не излезе на теренот во вториот дел. Од 18:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер го пречека Кадетен Шафхаузен, но за жал одигра нерешено и не успеа да ја запише премиерната победа во натпреварувањето. Екипата на Жељко Бабиќ имаше напад за +8, но не го реализираше па во последните секунди од првото полувреме, швајцарскиот тим го намали резултатот на…

ФОТО: Ракометарите на Металург со видео игри поминаа 3000 километри до Леон, со автобус!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно пристигна во Леон, каде утре треба да одигра натпревар против Адемар со почеток во 20:45 часот. По поминати 3000 километри за 43 часа со автобус, скопскиот тим се смести во хотелот за утре да има лесен тренинг единствено за да ја почувствува подлогата во „Палатата на спортовите“. Од клубот информираа дека сите ракометари се добро и се расположени иако изгубија скоро 2 дена во патувањето до Шпанија. Овој настан предизвика голем интерес во јавноста бидејќи е навистина срамота еден врвен тим да претрпи вакво понижување…

Еурофарм Пелистер ги претстави новите дресови пред утрешниот меч

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на вчерашниот тренинг ги промовираше трите гарнитури на дресови за сезоната 2020/21. Пред првиот домашен натпревар, со клупските дресови позираа капитенот Градимир Чаневски, Стипе Мандалиниќ и Марио Танкоски. Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата. „Добро се чувствуваме во двете комбинации и двете бои на нашите дресови. Сино-белата боја е традиционална, до 90-тите, а зелено-белата е боја на новото време. Навивачите многу ни недостигаат, вака изгледа како да играме на тренинг. Кога ќе се…

Еурофарм Пелистер дебитираше со минимален пораз

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа минимален пораз на гостувањето во Данска против ГОГ Гудме со 30:29, во рамките на првиот меч од Европската Лига на ЕХФ. Иако составот на Жељко Бабиќ беше подобар во второто полувреме, ги загуби силите во последните 3 минути и ја испушти предноста. Со избрзан шут во последниот напад и неколку дискутабилни одлуки на судиите, Еурофарм Пелистер се враќа во Македонија без освоен бод во дебитантскиот настап во Европа. Најефикасен во нашиот состав беше најискусниот и најдобар поединец, Стипе Мандалиниќ со 11 погодоци од 15 обиди.…

Еурофарм Пелистер со комплетен состав ќе патува за Данска!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, во комплетен состав ќе патува за Данска, каде во вторник треба да ја одигра својата прва средба од Европската Лига на ЕХФ, против тимот на ГОГ. На вчерашното тестирање, сите Ковид-19 тестови на ракометарите на Еурофарм Пелистер биле негативни, па тимот во комплетен состав ќе замине на гостувањето. Ова е дебитантски настап на екипата на Жељко Бабиќ, откако првата рунда против Татабања беше одложена поради недоволен број на подготвени ракометари во унгарскиот тим.