ЖРК Куманово се разбуди од европскиот сон – во два наврати подобра беше Галичанка Лавов

Женскиот ракометен клуб Куманово денеска го заврши учеството во Европскиот Куп на ЕХФ откако испадна од украинскиот тим Галичанка Лавов во 1/16 финале, со вкупни 64:43. Македонскиот претставник поради немање на можности во својот град, и домашната средба ја одигра на гости во рок од 3 дена. Првиот натпревар беше на програмата во петок од 18:00 часот, а домаќинот стигна до убедлива и лесна победа со 33:17. Мила Трајковиќ и Александра Боризовска постигнаа по 4 погодоци, а Катарина Митровиќ забележа солидни 11 интервенции. Денеска со почеток од 11:00 часот, се…

ЖРК Куманово по еден ден патување, пристигна во Лавов – утре е првиот предизвик

ЖРК Куманово пред малку пристигна во Лавов, Украина откако вчера во попладневните часови тргна на долг пат целата екипа и стручниот штаб на тимот. Поради реконструкција на салата во Куманово, екипата на Ненад Краљевски ќе одигра две средби на гости против Галичанка Лавов во нокаут фазата од Европскиот Куп на ЕХФ, односно 1/16 финале. Во нашиот состав, атмосферата е одлична и ракометарките се подготвени за предизвикот. Првиот натпревар е утре од 18:00 часот (дополнително ќе биде објавен линк за директен пренос), а реванш средбата е во недела во 11:00 часот.