ФУТСАЛ: Македонија ремизираше со Романија, јубилеј за Ранготов

Македонската футсал репрезентација вчера го одигра својот втор дуел во квалификациите за Европското првенство и ремизираше 2:2 против фаворитот Романија. Ова беше прв домашен натпревар, по гостувањето и поразот во Босна и Херцеговина од 2:1. Македонија започна добро, и поведе со 1:0 преку голот на Даниел Дандан во првото полувреме. Но, не успеавме ниту 1 минута да ја задржиме предноста. Веќе во следниот напад, бразилците во романскиот состав експресно се потрудија да израмнат на 1:1. Во 33-та минута, по грешка и лошо преземање во одбраната, Романија постигна погодок за 2:1.…