Не чекавме долго, го добивме првиот службен резултат на СП во Египет!

Бевме загрижени, и еве се случи по краток период – го добивме првиот службен резултат на Светското првенство во ракомет, кое оваа година се одржува во земјата на пирамидите, Египет. Денешниот натпревар помеѓу Германија и Зеленортските Острови ќе биде регистриран со 10:0 за германскиот тим, а причината е повеќе од јасна – африканската селекција нема доволен број на подготвени ракометари, по денешното ново тестирање. Се појавиле уште два позитивни случаи, па екипата е со 9 играчи, а според правилата, потребно е најмалку 10 од кои еден ќе биде голман. Зеленортските…

Вистинско засилување доаѓа во Битола! Карим Хендави е нов голман на Еурофарм Пелистер!!!

Битолскиот ракометен клуб, Еурофарм Пелистер, одлучи да ја засили голманската линија – го потпиша најдобриот египетски голман, искусниот Карим Хендави. Хендави има 32 години, а веќе подолг период е во врвот на европскиот ракомет со својот талент и знаење. Доаѓа од романска Добруџа, а пред тоа настапуваше 2 сезони и за турски Бешикташ. Голманот ќе се приклучи на тренинзите кај Жељко Бабиќ по завршувањето на СП во неговата земја. Денеска селекцијата на Египет го отвори првенството со победа над Чиле од 35:29. Новиот голман на битолскиот клуб е висок 188…

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СП ВО ЕГИПЕТ!

Македонската ракометна репрезентација доби шанса да учествува на најголемото спортско натпреварување – Светско првенство, оваа година во Египет, како прва резерва по откажувањето на селекцијата на Чешка. Данило Брестовац го презентираше списокот кој денеска замина во Египет. По пристигнувањето во Каиро, ќе бидат повторно тестирани и ќе имаат заслужен одмор оваа ноќ. Селекторот рано наутро ќе одржи само еден тренинг, пред дуелот со Шведска кој е закажан за во 20:30 часот. По еден ден пауза, играме против домаќинот, а на 18-ти јануари се соочуваме со Чиле. ГОЛМАН: Никола Митревски, Мартин…

СП Египет: САД патува со 12 играчи – Македонија останува дома!?

Откако во медиумите излезе информација дека во составот на САД има дури 18 позитивни играчи на Ковид, пред патувањето во Египет, се појави надеж дека Македонија како прва резерва би можела да учествува на натпреварувањето. Меѓутоа, селекцијата на САД, по најновите информации од скандинавските медиуми, ќе биде дел од СП, бидејќи ќе патува со само 12 играчи. Оваа вест ја потврди селекторот на американците, швеѓанецот Роберт Хедин. Овој национален тим ќе учествува по секоја цена по пауза од 20 години, и тоа во најтешката можна група – Норвешка, Франција и…