ВИДЕО: Извонредниот погодок на Елиф Елмас – втор по ред во дресот на Наполи!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, го отвори натпреварот со Парма постигнувајќи извонреден погодок во соло продор. Ова е втор по ред за „дијамантот“, по оној против Специја во „Копа Италија“.

Елмас: Нема да биде лесно, но оптимист сум, ќе играме за Македонија!

Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вели дека сме подготвени да го оствариме најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.  Не’ очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тешко, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на…