Ангеловски: Имаме мали проблеми… Ќе одлучуваат нијанси!

Македонската репрезентација денеска ги започна подготовките за дуелот со Грузија, а во среда патува за Тбилиси. Селекторот на нашата најдобра фудбалска селекција, Игор Ангеловски, се соочува со одредени проблеми во однос на фудбалерите кои се на списокот за настап, но се надева дека со пристигнувањето на сите играчи ќе се надмине неизвесноста во однос на настапот на играчите и подготвени ќе ја дочекаме големата пресметка.  „Од фудбалерите кои пристигнаа во репрезентативната база, за жал, Даниел Божиновски е позитивен на Ковид-19 и нема да биде во комбинација за овие натпревари. Денеска…