Квалификации за ЕП: Македонија покажа слаба игра со многу грешки, но стигна до посакуваната победа!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ги стартуваше квалификациите за ЕП 2021 со победа од 3:0 против Босна и Херцеговина, на првиот од двата турнири кои ќе бидат организирани во Скопје. Првиот сет го одигравме на „мускули“, бидејќи играчите на БиХ имаа предност цело време, дури и 15:8. Направија грешка при резултат 23:24 на наш сервис кога спасивме втора сет топка и сетот го добивме со 27:25. Во вториот, бевме многу посигурни и го наметнавме темпото кое ни одговара. Нашата селекција имаше највисоки +6, но резултатот беше 25:21. Во третиот сет,…

Во понеделник започнуваат квалификациите за ЕП во одбојка!

По лошите подготвителни натпревари против Бугарија, каде освоивме три пати по 1 сет и 2 сетови во првиот меч, дојде и тој период – во понеделник ги започнуваме квалификациите за ЕП 2021 во одбојка. Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува, со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година. Поради Ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција…

Данците се откажаа – Скопје е домаќин на квалификациите за ЕП во одбојка!

Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021 година. Поради Ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција ќе се надмудрува со Турција и со Босна и Херцеговина за настап на ЕП. Тоа е добра перспектива, ако се знае дека македонскиот национален тим е 49-та светска сила според актуелната ранг-листа на ФИВБ,…