Објавен поширокиот список на кошаркари, утре првото тестирање пред конечната листа за во Перм!

Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров го одреди поширокиот список од 24 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското Првенство во 2022 година. По задолжителното PCR тестирање на Ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8-ми односно на 9-ти февруари во Скопје, селекторот Тодоров ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите. Машката сениорска репрезентација во наредниот период, од 18-ти до 22-ри февруари, на турнирот во Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за Европското…

У21 РАСПОРЕД: Квалификациите за ЕП 2022 ги започнуваме во Франција, па ја пречекуваме Србија!

УЕФА со извлекување го одреди распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за репрезентации до 21 година. Македонската репрезентација е во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција на 2-ри септември, а првиот домашен натпревар го играме против Србија, 5 дена подоцна. 02.09.2021 Франција – Македонија  07.09.2021 Македонија – Србија 07.10.2021 Фарски Острови – Македонија 12.10.2021 Еремнија – Македонија 11.11.2021 Македонија – Украина 16.11.2021 Македонија –…

ФУТСАЛ: Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификации од ЕП 2022

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од првиот дел за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница, на 28-ми јануари од 18:00 часот и домашната против Романија 3-ти февруари од 19:00 часот, селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи: ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи); ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица…