Младата фудбалска селекција на Македонија, ја доби групата за квалификации на ЕП 2023!

Македонската репрезентација до 21 година, ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023, кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ќе играат во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.  Милевски ги опиша противниците и даде свое мислење за претстојните натпревари. „Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора,…